Ekipa
26 Март 2018•Ажурирај: 26 Март 2018
ОВИЕДО (АА) - Поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, беше приведен утринава од германската полиција, откако од Данска влезе во Германија, поради распишаната европска потерница. Тој се бара за предизвикување бунт во Шпанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Приведувањето на Пучдемон, во Каталонија предизвика големи протести, со тензии во одредени области. На протестите во Барселона, каде што излегле околу 55.000 луѓе, според каталонските итни медицински служби, 50 лица се третирани од здобиени повреди. Уапсеи се три лица.

Пучдемон се бара откако во октомври минатата година водеше парламентарна седница на која сепаратистичките пратеници гласаа регионот на Каталонија да прогласи независност од Шпанија.Тој и 12 други сепаратистички лидери во петокот беа официјално обвинети за предизвикување бунт.
По гласањето, Пучдемон избега од Шпанија во Белгија. Шпанските судови активираа европска потерница за негово апсење, која подоцна беше деактивирана. Во петокот беше издаден уште еден меѓународен налог за апсење, а вчера адвокатот на Пучдемон потврди дека сепаратистичкиот лидер ја напуштил Финска, каде што одржувал состаноци.
Демонстрантите, од кои некои вечерва блокираа и патишта, рекоа дека можат да останат цела ноќ, повикуваат на ослободување на „политичките затвореници“.
Според германските медиуми, Пучдемон е префрлен во затвор во северниот град Ноуменстер и утре ќе се појави пред германскиот суд.