Ekipa
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСКВА (АА) - Бројот на загинати лица во пожарот кој вчера изби во трговскиот центар во сибирскиот град Кемерово се зголеми на 64 лица, изјави рускиот министер за вонредни ситуации, Владимир Пучков, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пучков во телевизиското обраќање изјави дека пожарникарите денес успеале да го локализираат пожарот во четирикатниот трговски центар.
Тој истакна дека шест лица сè уште се водат за исчезнати.
Локалните медиуми јавуваат дека во пожарот се повредени десетици лица.
Пожарот изби вчера во кино-сала и детска игротека на последниот кат од трговскиот центар „Зимнаја вишна“ („Зимска црешна“) во Кемерово, град кој се наоѓа 3.000 километри источно од Москва. Причината за пожарот сè уште е непозната.