Ayşe Doğru
26 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
ХОНГКОНГ
Протестите во Хонгконг, специјалниот административен регион на Народна Република Кина, што се организираат поради нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на виновниците во Кина, се преселија на аеродромот, Anadolu Agency (AA).
Повеќе од илјада демонстранти се собраа на терминалот за надворешни летови на Меѓународниот аеродром во Хонгконг, еден од најпрометните аеродроми во светот.
Демонстрантите облечени во црно носеа транспаренти и делеа флаери, а патниците што доаѓаа на терминалот ги дочекуваа со слоганите „Нема бунт, има само тиранија“.
Демонстрантите, исто така, побараа истрага за доцнењето на полициската интервенција минатиот викенд на станицата на метрото „Јуан Лонг“, кога десетици луѓе во бела облека и со маскирани лица ги нападнаа демонстрантите.
- Протестите во Хонгконг околу Законот за екстрадиција на виновниците
На 3 април пред Парламентот во Хонгконг беше приложен нацрт-закон со кој се олеснува екстрадицијата во Кина, специјалниот административен регион Макао и Тајван, на лицата кои се осудени или обвинети за кривични дела во Кина.
Овој нацрт-закон предизвика реакции, бидејќи се смета дека тој може да го доведе во опасност автономниот статус на Хонгконг и да му додели статус на старателство на администрацијата од Пекинг.
Во Парламентот на Хонгконг избувна тепачка меѓу пратениците кои се против законските измени и оние што ги поддржуваат, при што беа повредени голем број пратеници.
Опозицијата смета дека со законската измена Хонгконг ќе ја загуби својата самостојност, додека властите на Хонгконг сметаат дека станува збор за задолжителна регулатива која е дел од меѓународното право.
Опозицијата стравува дека доколку овој закон биде усвоен, тогаш е можно опозицијата во Хонгконг да биде земена како цел од страна на Кина.
- Статусот на Хонгконг
Хонгконг со „договорот за закуп“ потпишан во 1898 година долги години беше под владеење на Велика Британија. Од 1997 година суверенитетот на Хонгконг е пренесен на НР Кина.
Во рамките на потпишаната заедничка декларација, Хонгконг доби право да ја заштити својата административна независност и структура до 2047 година, со политиката на „една земја, два система“, придружувајќи се кон Кина само во области како што се надворешната политика и одбраната.