Emre Gürkan Abay
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин во Дамаск се сретна со Башар Асад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата за медиумите истакна дека Путин отпатувал за Дамаск.
Истакнувајќи дека Путин го посетил Командниот центар на руските трупи во Сирија, Песков рече: „Во Командниот центар Путин го пречека Асад. Двајцата лидери ги сослушале воените извештаи за ситуацијата во различните делови од светот.“
„За време на посетата имаше и разговори меѓу делегациите“, изјави Песков, и додаде: „Путин на средбата со Асад рече дека се направени значајни чекори за заштита на територијалниот интегритет на Сирија. Путин, исто така истакна дека забележал дека нормалниот живот на улиците на Дамаск е вратен.“
Песков додаде дека Путин ќе посети и некои други точки во Сирија.