Ekipa
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
МАДРИД
Шпанскиот Парламент денеска го поддржа предлогот на премиерот Педро Санчез да формира левичарска коалициска влада, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Санчез во вториот круг на гласање доби потпора од Парламентот за формирање на влада, откако не успеа во неделата.
За неговата левичарска коалиција гласаа 167 пратеници, 165 беа против, а 18 останаа воздржани.
Ова е прва влада со крајна левица во Шпанија.
Нејзините левичарски челници ветија отворен дијалог со каталонските сепаратисти, зголемување на данок за најбогатите и зајакнување на социјалните програми.
Со денешното гласање е завршена деветмесечната политичка криза, поради која граѓаните на Шпанија во 2019 година гласаа двапати.