Dmıtrı Chırcıu
05 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека мирот и безбедноста во светот зависат од односите меѓу Русија и САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин во Кремљ ги прими на средба новите амбасадори на 23 земји, кои на Путин му ги доставија актредитивните писма.
Рускиот претседател истакна дека состојбата во светот е опасна.
„Растат регионалните конфликти, растат и терористичките и екстремистичките закани, и системот за контролирање на оружјата е во колапс. Глобалната економија е во нестабилна состојба“, рече Путин.
Тој се осврна и на односите меѓу Русија и САД: „Мирот и безбедноста во светот зависат од односите меѓу Русија и САД.“
Путин истакна дека се подготвени да имаат сеопфатен дијалог со САД, во различни области како контрола на оружја, борба против тероризмот и решавање на регионалните кризи.
Рускиот претседател укажа и на важноста на Договорот за нуклеарната програма со Иран.
„Русија ќе продолжи да вложува напор за заштита на овој договор“, додаде Путин.