Emre Gürkan Abay
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека не планираат да испратат војници или да формираат база во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во Санкт Петербург одржа средба со претставниците на меѓународните новински агенции, каде што разговараше за актуелните теми.
Рускиот претседател нагласи дека САД и Русија имаат различни мислења во врска со иранската политика.
„Не се согласуваме со политиката на САД во врска со Иран. Можно е да постојат прашалници во врска со Договорот за нуклеарната програма со Иран, но зошто не зборуваме за нив? Не сте принудени да најдете решение преку целосно уништување на нешто што претходно било изградено“, рече Путин.
Тој нагласи дека ги осудуваат сценаријата за воена интервенција во Венецуела.
„Ниту сојузниците на САД не ја поддржуваат воената интервенција. Мешањето во внатрешните работи на други земји предизвикува исклучително сериозни, а понекогаш и трагични последици“, додаде Путин.
Путин истакна дека тоа што се случува во Либија и Ирак е пример за можните лоши последици на воена интервенција.
„Сите страни во Венецуела треба да се состанат и да најдат политичко решение за кризата. Русија не планира да испрати војници или да формира база во Венецуела. Руските воени експерти во Венецуела се наоѓаат во рамки на воено-техничките договори потпишани претходно“, нагласи рускиот претседател Путин.