Murat Temizer
08 Јуни 2016•Ажурирај: 09 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - И покрај политичките проблеми со Турција, Русија нема да се откаже од гасоводот низ Турција познат како Турски тек, порача рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата одржана во Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во Москва, рускиот претседател Владимир Путин се состана со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, каде што изјави дека нема да се откаже од „Турскиот тек”.
„Постојат одредени потешкотии со Турција од политички карактер. Исто така, чекаме јасен одговор од Европската комисија во врска со овој проект”, рече тој.
Алексеј Милер, претседателот на руската компанија Газпром, објави дека Путин ја откажал изградбата на гасоводот „Јужен тек” во декември, 2014 година. Меѓутоа, Путин за тоа ја префрли вината на Европската Унија (ЕУ).
По стопирање на проектот, Путин објави дека Газпром ќе изгради гасовод со капацитет од 63 милијарди метри кубни кон Турција, што ќе ја заобиколи Украина, нарекувајќи го тој проект „Турски тек ”.
Проектот „Турски тек”, кој беше планиран да го транспортира рускиот гас кон Европа преку Турција, беше откажан од страна на Анкара.
По соборувањето на рускиот воен авион по неговот нарушување на турскиот воздушен простор и покрај неколкуте предупредувања од страна на турската војска, односите меѓу двете земји брзо се влошија посебно со преземање на економски мерки од страна на Русија против Турција.