свет

Путин се сретна со американскиот претставник Виткоф во Москва

Во руската делегација, совен Путин, се и неговиот помошник за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев

Elena Teslova  | 25.04.2025 - Обновена : 26.04.2025
Путин се сретна со американскиот претставник Виткоф во Москва

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, соопшти Кремљ, јавува Анадолу.

Претседателската прес-служба објави видео на кое се гледа како Путин и Виткоф се ракуваат и кратко разговараат.

„Како сте, господине претседателе?“, праша Виткоф. „Добро, благодарам“, одговори Путин со срдечно кимнување со главата.

Освен Путин, во руската делегација се и неговиот помошник за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.