Levent Tok,Selen Temizer
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ИДЛИБ/АНКАРА (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и терористите на ДЕАШ во изминатите три месеци зазедоа најмалку 3.035 квадратни километри територија на југ и југоисток од сириската покраина Идлиб, а во тоа значително им помогнаа координираните руски воздушни напади на тоа подрачје, пишува Anadolu Agency (AA).
Силите на Асадовиот режим во октомври минатата година им отворија пат на терористите на ДЕАШ од местото Хунејфиз, источно од Хама, да преминат на подрачјето на Идлиб кое го контролираат силите на сириската опозиција и антирежимските групи.

Подрачјата во Идлиб кои ги контролираат опозициските сили и антирежимските групи се постојана цел на руските воздушни напади, а со координирано делување режимската сириска војска и ДЕАШ ја презедоа контролата над поширокото подрачје од овој регион.
Според процената врз база на географските карти, станува збор за подрачје со површина од најмалку 3.035 квадратни километри, на кое силите на режимот и ДЕАШ зазедоа најмалку 100 села.
Силите на Асад на тој начин ја преминаа линијата на зоната без судири во Идлиб, за која на мировниот процес во Астана, со посредство на Турција, Русија и Иран, е договорен прекин на огнот и воспоставување на контролни пунктови за следење на примирјето.
Во жестоки воздушни и артилериски напади од страна на руската војска и силите на сирискиот режим во Идлиб, од почетокот на оваа година загинаа најмалку 211 цивили.