Moustafa Maged Haboosh,Mehmet Nuri Uçar,Afra Aksoy
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ГАЗА (AA) - Во текот на протестите одржани со цел пробивање на блокатата на Газа во нападот на израелските војнии ранет е 22-годишниот Аид Ебу Амр кој неодамна се појави на фотографијата на фоторепортерот на АА, која, според многумина, стана своевиден симбол на палестинскиот отпор, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, фотографијата кон крајот на октомври ја направи фоторепортерот на АА Мустафа Хасона, а на неа се гледа младиот Палестинец Ебу Амр кој во текот на протестите во една рака држи палестинско знаме, а во друга чатал.
Фотографијата е користена во бројни светски медиуми, а многумина ја споредија со делото на францускиот сликар Ежен Делакроа под името „Слободата го води народот“, направена во далечната 1830 година.

Хасона фотографијата ја направи во текот на палестинските протести против незаконската израелска блокада на Газа, а на социјалните мрежи оваа фотографија се најде со познатото дело на францускиот сликар Делакроа, која ја симболизира Француската револуција.
Детал кој се истакнува како важна сличност на фотографијата се палестинското знамето и чаталот во рацете на младиот Палестинец и знамето на Франција и пушка со извлечен бајонет во рацете на Французинка на сликата „Слободата го води народот".
Ова момче за кое во претходните денови многу се пишуваше и говореше вчера од израелски куршум е рането во стапало.
Израелските војници во текот на вчерашните протести со употреба на боева муниција ранија вкупно осум лица.
Група Палестинци се собра вчера на северниот брег за да по 15 пат се обиде да ја пробие блокадата на Газа. Протестите беа одржани под слоганот „Акциите ќе продолжат се додека блокадата не биде отстранета".
Израел од 2006 година ја држи Газа под блокада. Шест од седум гранични премини во Појасот Газа, во кој живеат околу два милиони Палестинци, се наоѓаат под контрола на Израел, а еден граничен премин е под контрола на Египет.