Hasan Tosun
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ВИЕНА (АА) - Во судирот што се случи на концертот во австриската провинција Воралберг, три лица загинаа, а 11 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според австриските медиуми, на концертот кој беше организиран од страна на Клубот на мотоциклисти во градот Нензин, синоќа од непознати причини дојде до расправија меѓу 27-годишен маж и една жена.
Во расправијата се вмешаа пријателите на жената, што подоцна предизвика судир.
Расправијата заврши со интервенција на припадниците на безбедносните сили. Потоа момчето го напушти местото и се врати со оружје со кое почна неконтролирано да пука во луѓето со кои претходно бил во расправија.
Меѓу жртвите се наоѓа и напаѓачот. Повредените се хоспитализирани, а целиот случај е под истрага.