ТРИПОЛИ (АА) - Калифа Хафтар, кој започна напади во Либија за преземање на главниот град Триполи, по 14 месеци не успеа во тоа. За да го реши недостатокот на човечки ресурси, Хафтар сè повеќе пројавува интерес за странски платеници преку Русија и за милитантни групи обвинети за геноцид, пишува Агенција Анадолија (АА).
Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот од Либија, се обиде да го искористи административниот вакуум во Либија по обидот за пуч во 2014 година. Откако ги презеде јужните региони на почетокот на 2019 година, со поддршка на странските сили, Хафтар како цел го постави освојувањето на главниот град Триполи.
Истакнувајќи се како најзначаен дел од Либија, во подрачјето на Триполи живее повеќе од половина од населението на земјата. Триполи исто така е трговски и официјален главен град, каде што се наоѓаат дипломатски претставништва и независни владини агенции.
Либија на националната конференција беше подготвена за помирување под покровителство на Обединетите нации (ОН). Тогаш сите групи во земјата беа подложени на прекин на огнот. Тогаш Хафтар, на 4 април 2019 година, нареди напад за заземање на Триполи, со што во земјата започнаа насилства.
Хафтар со доминацијата врз главниот град имаше за цел со оружје да ја преземе контролата врз Владата за национално единство на Либија, која е прифатена како легален претставник на Либија од страна на ОН и меѓународната заедница.
Сепак, Хафтар во изминатите 14 месеци не успеа да постигне брза и прецизна победа. Затоа, за да ја продолжи својата војна, му беа потребни човечки ресурси, по постојаните загуби што ги доживеа од либиската Армија.
Калифа Хафтар ја нарече „Либиска национална армија“ групата што ја води, обидувајќи се да ја прикаже како официјална армија. Хафтар се обиде да ги собере милициите под еден покрив, со ветување за поле за доминација, илегални приходи, странско финансирање и грабежи.
- Рација од суданската Влада на борците што заминуваат за Либија -
Суданската Влада соопшти дека 122 платеници, кои се подготвувале да заминат во Либија, се уапсени во неодамнешната операција.
Во јануари беа откриени документи дека приватна безбедносна компанија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), именувана како „Блекшилд“ („Blackshield“), вработувала Суданци со ветување дека ќе работат во безбедносна компанија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои се водечкиот финансиски, политички и воен поддржувач на Хафтар.
Откако Суданците, кои беа однесени во Либија, се спротивставија на ситуацијата и се вратија во нивната земја, Обединетите Арапски Емирати се обидоа да регрутираат платеници за Хафтар од Судан.
- Се зголемува бројот на сириски платеници од редовите на режимот на Асад -
Почнаа да пристигнуваат информации дека Русија ги зголемила активностите за носење платеници во Либија од регионот што се наоѓа под контрола на режимот на Асад.
Според локални извори, Русија, која го поддржува режимот на Асад во Сирија, ги забрзала активностите за зацврстување на редовите на Хафтар со носење нови платеници од Сирија.
Русија испрати 300 сириски борци од милицијата „Шебиха“, поврзана со режимот, и од иранските странски групи „Фатимијун“, „Зејнебијун“ и од Ерусалимската бригада во Либија. Воините ќе добиваат месечно по 1000-1500 долари.
Меѓу новите борци има и со иранско и со авганистанско потекло.
Пред да се приклучат на милицијата на Хафтар, за неопходната обука платениците биле однесени на воените пунктови на Русија во Латакија.
Меѓу новите платеници што Русија ги испрати во Либија има најмалку 8 поранешни припадници на ДЕАШ, кои се вратиле во Деир ез Зор со потпишување „консензус“ со режимот. Подоцна тие се приклучиле во редовите на Ерусалимската бригада.
Изворите истакнуваат дека поранешните припадници на ДЕАШ се од областа Деблан во источен Деир ез Зор и дека во редовите на терористичката организација биле околу 2,5 години.
Се проценува дека бројот на платеници, испратени од Русија во редовите на милицијата на Хафтар од разни покраини во Сирија, досега е скоро 2.000.
Експертите за следење на воздушниот сообраќај неодамна откриле дека патничките и товарните авиони, што ѝ припаѓаат на авиокомпанијата „Шам вингс“ („Cham Wings“), која е на списокот со санкции од САД, летале од Сирија и слетувале во воздухопловните бази и аеродромите во регионот што е под контрола на Хафтар во Либија.
- Илјадници платеници од групата „Вагнер“ се борат на фронтот -
Безбедносната компанија „Вагнер“, која е најмногу се спомнува за интервенцијата во Либија, е на Евгениј Пригожин, познат како „готвачот“ бидејќи ја води кујната во Кремљ.
„Вагнер“ исто така е позната по поддршката на незаконската анексија на Крим од страна на Русија и поддршката за сепаратистичките групи на истокот на Украина.
„Вагнер“ е позната и по своите платеници и по политичките активности, особено во Либија, Сирија и африканските земји.
Според извештајот на експертите на ОН, објавен од страна на американски „Блумберг“, персоналот на руската безбедносна компанија „Вагнер“, близу Кремљ, продолжува да го поддржува Хафтар во Либија.
Се известува дека од 2018 година повеќе од 200 платеници поврзани со „Вагнер“ активно работат на фронтот во земјата. Триесет и девет од нив служат како снајперисти.
Наведено е дека руските елементи во земјата му даваат на пучистот Хафтар техничка поддршка и поддршка со директно учество во теренските операции.
Од друга страна, во извештајот се наведува дека една организација поврзана со компанијата „Вагнер“ води „напредна и сеопфатна кампања на социјалните медиуми“, со цел во Либија да се создаде јавно мислење во корист на Хафтар.
Според експертите на Обединетите нации (ОН), во рамките на ембаргото за вооружување против Либија, и „психолошките операции“ може да се сметаат за прекршок.
- Присуството на „Вагнер“ во Либија станува сè повеќе видливо -
За постоењето на платеници во Либија поврзани со „Вагнер“ се тврдеше долго време и се наведуваше дека по влегувањето во областа на конфликтот во Либија им помогнале на силите на Хафтар.
Сепак, по загубите на милицијата на Хафтар се објавија снимки каде што се гледаше дека илјадници платеници, за кои се вели дека се поврзани со „Вагнер“, се повлечени од првите линии на главниот град кон областите под контрола на Хафтар, заедно со нивното тешко оружје. Тие снимки ги открија активностите на безбедносната компанија во Либија.
Екипата на Агенција Анадолија на ѕидовите на цивилните куќи од каде што се повлече милицијата на Хафтар забележа воени белешки на руски јазик, руски книги и руски производи оставени таму. Тие го потврдија постоењето на „Вагнер“ во Либија.
Либиската Национална нафтена корпорација (NOC), која е единствената корпорација за црпење, преработка, дистрибуција и извоз на нафта во земјата, неодамна објави дека платениците на „Вагнер“ влегле во нафтеното поле „Шераре“. Либиската Национална нафтена корпорација (NOC) наведе дека имаат видео и звучни снимки дека платениците на „Вагнер“ се влезени во тоа нафтено поле.
Покрај тоа, либиската Национална нафтена корпорација (NOC) извести дека пред само неколку дена, странски платеници влегле во пристаништето за извоз на нафта „Сидре“ на истокот на земјата и се обидувале да го претворат местото во воено подрачје.
Од Командата на американските сили во Африка (AFRICOM), објавувајќи сателитски снимки каде што се гледа дека Русија ги испратила авионите „Миг-29“ и „Су-27“ во Либија, истакнаа дека воените авиони најверојатно ќе бидат користени од платениците на безбедносната компанија „Вагнер“.
- Озлогласената милиција „Џанџавид“ од Дарфур -
За паравоената единица „Џанџавид“, која е обвинета за геноцид во Граѓанската војна во Дарфур во западниот дел на Судан, се вели дека во војната во Либија се наоѓа во првите редови до Хафтар.
Либискиот министер за внатрешни работи, Фетхи Башага, истакнувајќи дека Хафтар во Либија им дал воена база на Обединетите Арапски Емирати, рече дека странските борци што ѝ припаѓале на компанијата „Вагнер“, милицијата „Џанџавид“ и бунтовниците во Чад се бореле заедно на фронтот.
Исто така, и во извештаите на Советот за безбедност на ОН стоеше дека во Либија има многу борци од Дарфур. Иако Хафтар негираше присуство на странски борци во своите редови, во извештаите стои дека Хафтар се потпирал на вооружените востаници од Дарфур за обезбедување активности во регионот Џуфра.
Беше забележано и дека бунтовниците од Дарфур, кои стигнале до повеќе оружје и ресурси во Либија, се вклучени во активности како што се трговија со оружје и трговија со луѓе.
- Унапредувања од Хафтар како одговор на налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд -
Селефиите Медхали, кои се со екстремни погледи, тврдат дека владетелите мора да се почитуваат и Саудиска Арабија да ја прифатат како владетел. Затоа се борат во редовите на Хафтар, поддржани од Ријад.
Најистакнати меѓу вооружените групи е баталјонот „Нида“, што го предводи Махмуд ел-Верфали, баран од Меѓународниот кривичен суд (UCM) поради воени злосторства. Хафтар минатата година објави дека Верфали го унапредил од мајор во потполковник.
Махмуд ел-Верфали е обвинет за убиство на десетици лица во Либија, а притоа ги снимал тие убиства.
Меѓународниот кривичен суд има два посебни налога за апсење на Верфали.
- Единиците „Канијат“ во градот Тархуна, каде што се пронајдени масовни гробници -
На 5 јуни либиската Армија го ослободи градот Тархуна, кој од страна на милицијата на Хафтар се користеше како центар за операции во нападите врз главниот град Триполи.
Откако Армијата влезе во градот, беа пронајдени стотици трупови во болницата во градот.
Сепак, најстрашната глетка беше видена кога при ископувањата иницирани од лицата од Судска медицина беа откриени масовни гробници.
Во ископувања на земјоделското земјиште Ер-Рабт во Тархуна беа откриени телата на 30 лица.
Единиците „Канијат“ се обвинети дека неселективно ги имале како цел племињата и нивните семејства, кои ги сметале за противници за време кога доминирале во Тархуна.
news_share_descriptionsubscription_contact
