Islam Doğru
07 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа предизвика смрт на 431 лице, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од последици на коронавирусот на 133.041, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е земја епицентар на пандемијата на Ковид-19 со најголем број на заразени и смртни случаи во светски рамки.
Интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, објави дека во САД последните 24 часа Ковид-19 е детектиран кај 56.053 лица, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 3.041.950.
Во истиот период коронавирусот е причина за смртта на 431 лице, со што вкупниот број на починати се искачи на 133.041.
Според бројката на детектирани лица позитивни на коронавирусот во светот, по САД следат Бразил со 1.628.283, Индија со 723.195 и 694.230 во Русија.
Иако бројката на позитивните случаи и починати е во пад, Њујорк продолжува да е „сојузна држава со најголем број на заразени и смртни случаи“ во САД.
Досега во Њујорк позитивни на коронавирусот се 422.851 лице, од кои 32.267 ги загубија своите животи како последица на заразеност со Ковид-19.
По Њујорк следат сојузните држави Калифорнија со 277 илјади и Тексас со 210 илјади случаи на заразеност со коронавирусот.
Досега во САД се извршени 38.231.000 тестирања, а оздравеа над 1 милион и 325 илјади заразени со Ковид-19.