Murat Karadağ
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
МЕКСИКО (АА) - За време на рацијата што ја изведоа претставниците на безбедносните сили врз продавачите на дрога во една куќа во Мексико, животот го загубија 6 лица, меѓу кои и едно девојче, а 2 деца се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата на мексиканската сојузна држава Морелос, Алберто Капела, соопшти дека при рација во куќата на член на нарко-бандата Халиско, животот го загубиле 6 лица.
Шефот на полицијата, Капела изјави дека при упадот во куќата дошло до оружена пресметка, во којашто животот го загубиле 4 жени, едно девојче и еден маж, за кои се претпоставува дека се роднини на дилерот на дрога. Тој додаде дека во рацијата се ранети и две деца.
Капела соопшти дека безбедносните сили покажале максимална претпазливост за време на рацијата, со цел да не се загрози безбедноста на цивилите, додавајќи дека е започната истрага во врска со настанот.
По престрелката се предадоа дилерот на нарко-бандата Халиско и неговите четворица пријатели.