Mustafa Deveci
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Во пакистанскиот град Пешавар, четворица вооружени напаѓачи извршија напад на студентскиот дом на универзитетот за земјоделие. Во нападот, животот го загубија 11 лица, додека 37 лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во локалниот печат, вооружените напаѓачи, облечени во бурки, влегле во седиштето на обласната Дирекција за земјоделие, која се наоѓа во зградата на студентскиот дом.
Напаѓачите отвориле оган, при што убиле 11 лица, воглавно студенти, и раниле 37 лица.
По речиси 2 часа престрелка, безбедносните сили успеале да ги неутрализираат напаѓачите.
Одговорноста за нападот ја презедоа пакистанските талибанци.