Emel Öz Gözellik
24 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон Хуи, соопшти дека повторно ќе биде разгледано прашањето за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, и Ким Јонг Ун, претседателот на Северна Кореја, закажана за 12 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалната новинска агенција на Северна Кореја, KCNA, изјавата на американскиот потпретседател Мајк Пенс дека Северна Кореја може да ја има истата судбина на Либија, севернокорејскиот заменик-министер за надворешни работи, Чое Сон Хуи, ја оценил како „глупава“ и „неука“.
Чое истакна дека Пенс апсолутно не ја разбрал состојбата на Северна Кореја.
Заменик-министерот изјави дека во никој случај нема да ги молат САД за дијалог и додаде дека дијалогот и средбите меѓу САД и Северна Кореја или официјализирањето на нуклеарната програма со Пјонгјанг зависи од однесувањето на САД.
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, имаше изјави дека доколку Северна Кореја не постигне договор за нуклеарната програма со САД, тогаш таа земја ја чека судбина слична на онаа што ја снајде Либија.