Mohamad Misto,Adham Kako
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ДЕРА / АНКАРА
Силите на режимот на Башар ал Асад, во обид да воспостават целосна контрола врз сириската област Дера, изведоа топовско гранатирање во кое убија шест цивили, од кои три се деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, продолжуваат тензиите во подрачјето на Дера, каде што режимот на Асад се мачи во контролирањето на територијата, откако по интензивните напади и воздушната поддршка од Русија, влезе на таа територија во јули 2018 година.
Силите на режимот на Асад вчера се обидоа да влезат во подрачјето Џелин, сместено во западните рурални делови на Дера, во кое живеат поранешни воени опозиционери.
По обидот за влез на подрачјето, делегација на опозиционерите се обидела да го напушти подрачјето, но била нападната од режимските сили. Во нападот загинале двајца претставници на опозицијата, а еден е ранет.
Поранешните воени опозиционери возвратиле, по што во подрачјето дошло до судир со силите на режимот.
Откако режимските сили загубиле осум припадници, се повлекле и започнале со топовско гранатирање.
Од гранатирањето убиени се шест цивили, од кои три се деца.
Продолжува тензијата во подрачјето.