Furkan Naci Top
07 Септември 2017•Ажурирај: 08 Септември 2017
АТИНА (АА) - ФУРКАН НАЏИ ТОП - Бројот на бегалците кои по ризичното патување преку Егејското Море пристигнуваат на грчките острови, во август го достигна највисокото ниво од март 2016 година, кога почна да се спроведува договорот за мигрантите постигнат меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ), пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што новинарот на АА ги доби од Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), 3.695 бегалци пристигнале до грчките острови во Егејското Море, со што бројот на бегалците кои стигнале на грчките острови, во август го достигна највисокото ниво од март 2016 година, кога почна да се спроведува договорот за мигрантите меѓу Турција и ЕУ.
Бројот на мигрантите кои пристигнале на грчките острови во август се зголеми за 64 отсто во споредба со јуни, кога пристигнале 2.249 мигранти.
Во првите денови од септември, односно во првите 5 дена, на грчките острови пристигнале 890 бегалци.
- Мигрантите чекаат на островите -
Поради забележителниот пораст од 97 отсто на бројот на пристигнатите мигранти во Грција, откако беше постигнат договорот за мигрантите, и нивното задржување на островите додека чекаат одговор на поднесеното барање за азил, отежната е работата на грчката Влада, како и на локалните власти.
Бројот на бегалците кои престојуваат во камповите на грчките острови како Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос, изнесува околу 14.000.
Бегалците често одржуваат протести поради лошите животни услови во камповите, како и против долготрајните процедури за барање азил.
Според податоците, по постигнатиот договор за мигрантите, секој месец во просек 2.000 мигранти пристигнуваат на грчките острови.