Gökhan Kavak
22 Август 2019•Ажурирај: 23 Август 2019
АБУЏА (АА) - Речиси половина од населението на Нигерија, земја од Западна Африка, не може да користи електрична енергија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Марк Амаза, претставник на Центарот за чиста технологија, на панел-дискусијата со наслов „Решение за чиста енергија“, кој се одржува во провинцијата Кано, во северниот дел на земјата, истакна: „Потребите за електрична енергија на околу 93 милиони жители на Нигерија не може да бидат задоволени, тоа претставува скоро половина од населението на земјата.“
Истакнувајќи дека некои од типовите на енергија се штетни за општеството и природата, Амаза рече дека е потребно да се подигне јавната свест за употребата на чисти енергетски ресурси.
„Дел од народот во Нигерија своите потреби се обидува да ги исполни со горење дрво, особено за подготвување јадење. Но тоа влијае на човековото здравје и на уништувањето на шумите“, рече Амаза.
Тој, исто така, истакна дека решението на проблемот е во обновливата енергија и за тоа треба да бидат преземени чекори.
Според експертите, во Нигерија во последните 12 години уништени се половина од шумите како резултат на зголемената популација и недостатокот на електричниот систем.
Во многу делови на земјата има прекини на електричната енергија, бидејќи оваа енергија не се произведува доволно. Населението само 4 часа на ден добива електрична енергија, па затоа голем дел од населението ги исполнува енергетските потреби со генератори.