Bedrudin Brlyavac
20 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Американската полиција презеде ригорозни безбедносни мерки по повод 71. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), кое се одржува во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на полицијата се на секој агол во близина на зградата на ОН каде што се одржуваат состаноци на светските официјални лица во рамките на заседавањето на Генералното собрание. Покрај тоа, полицијата врши ригорозни проверки при влез во зградата каде што се одржува главното заседавање.
Улиците во близина на седиштето на ОН се заградени со заштитна ограда за да се спречат можните инциденти.
Само за потсетување, во седиштето на ОН во Њујорк во понеделникот, во рамките на 71. заседание на Генералното собрание се одржа Самит за бегалци и мигранти на високо ниво. На Самитот се усвои декларација за заштита на нивните човекови права, без оглед на нивниот статус. Ова е прв пат Генералното собрание на ОН да организира самит на лидери за големите движења на мигрантите и бегалците ширум светот.
Генералната дебата на Генералното собрание на ОН, на која учествуваат шефови на држави и влади членки на ОН, ќе трае од 20 до 26 септември.