Ekipa
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
РИМ
Шпанските скали во Рим повеќе не се место на кое може да се седи. Од денес, 7 август, полицијата започна да ги предупредува римјаните и туристите дека според новата законска регулатива, која стапи во сила минатиот месец, не може да се седи на Шпанските скали, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седењето на едно од најпознатите и најфотографираните места во Вечниот Град може скапо да ве чини. Имено, според новата законска регулатива донесена на 6 јуни, за седење, јадење или пиење пијалак на скалите, кои се под заштита на УНЕСКО, предвидена е казна од 400 евра. Новата регулатива се применува и на другите заштитени локации, како што е Фонтана ди Треви.
Градските власти објавија дека на Шпанските скали се применуваат нови правила откако стапија во сила пред месец дена. Меѓутоа, дури од 7 август полицајци облечени во жолти елеци ги предупредуваат луѓето дека не можат да седат на скалите.