Lokman İlhan
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
КАРАКАС (АА) - Американски воен авион за разузнавање, наводно, го прекршил воздушниот простор на Венецуела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во медиумите на Венецуела, заменик-претседателот одговорен за комуникации, туризам и култура, Жорге Родригез, објави дека разузнавачки авион на американската Армија од типот „Lockheed EP-3“ во петокот (19 јули) над Карипското Море го прекршил воздушниот простор на земјата.
Родригез, исто така, истакна дека венецуелски воздухопловен борбен авион, од типот „SU-30“, го спречил американскиот авион и го оддалечил од регионот.
Истакнувајќи дека авионот на САД влегол во воздушната Одбранбена идентификациска зона на Венецуела (FIR), Родригез рече дека се нарушени правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
- 78 повреди на воздушниот простор од американски авиони
Родригез, истакнувајќи дека американските авиони само во првите шест месеци од оваа година го нарушиле воздушниот простор на земјата 78 пати, нагласи: „Овие авиони не се хуманитарни авиони, тоа се разузнавачки, борбени авиони.“
- „Агресивно се интервенираше на нашиот авион“
Јужната команда на американската Армија соопшти дека летот бил изведен за мултинационална емисија во меѓународниот воздушен простор и на социјалните мрежи го сподели видеото од моментот кога авионот „SU-30“ го спречувал американскиот авион.
Јужната команда на американската Армија, исто така, соопшти дека воениот авион на Венецуела го спречил американскиот авион „агресивно и од ризично растојание“.
САД неколку пати ѝ се заканија со воена интервенција на Венецуела, која ја претрпува најсериозната политичка криза во својата историја.
САД ѝ даваат отворена поддршка на опозицијата предводена од Хуан Гваидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на земјата. За САД, Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.