Ekip
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Околу 200 такси возила и автобуси се паркирани пред Владата на Романија во главниот град, барајќи Убер и другите онлајн такси услуги да бидат забранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Сообраќајот утринава е прекинат поради протестите. Планирано е протестот да трае до вечерните часови.
Возачите стигнаа рано утринава и ги паркираа жолтите такси автомобили пред владата, а прават голема врева дувајќи во вувузели. Нивните претставници се состанаа со премиерот Сорин Гриндјану за да му ги пренесат своите барања.
Од Конфедерацијата на лиценцирани превозници велат дека сакаат да бидат забранети онлајн технолошките платформи коишто нудат неовластени такси услуги, за да се заштитат лиценцираните превозници.
Убер тврди дека нивниот систем за превоз е со транспарентни трошоци и дека нивните возачи плаќаат данок. Од компанијата додаваат дека нивните услуги во изминатите години ги користеле 250.000 клиенти во Букурешт и во другите романски градови.