Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Декември 2016•Ажурирај: 13 Декември 2016
БУКУРЕШТ (АА) – На вчерашните парламентарни избори во Романија, најсиромашната држава во Европа, победи Социјал-демократската партија, јавува Anadolu Agency (AA)
По вчерашните избори, Централното изборно биро ги објави првичните резултати од пребројаните 99% од гласовите, и според нив, Социјал-демократската партија освои 46, а централно десничарската Народна либерална партија најмалку 20 отсто од гласовите.
Претседателот на Социјал-демократската партија, Ливиу Драгнеа по објавувањето на првичните резултати изјави: „Нема сомнеж во тоа кој ги доби изборите. Романците во својата држава сакаат да се чувствуваат како дома“.
Партијата „Унија за Спас на Романија“ е трета на овие избори.
Излезноста на гласањето изнесува 39,5 проценти од гласачите.
По пожарот што се случи на 30. октомври 2015 година, во кој животот го загубија 63 лица, народот излезе на улиците на протест против неодговорноста на властите.
Во една таква економска криза, каде што невработеноста и сличните проблеми растат, овој случај предизвика општествена експлозија. По засилувањето на протестите, премиерот Виктор Понта си даде оставка, а претседателот Клаус Иоханис, минатата година во ноември го назначи поранешниот член на Европската комисија, Дачан Чолош да формира влада.
Техничка влада сѐ до овие избори се состоеше од различни експерти, дипломати и членови на граѓански организации.