Emre Gürkan Abay
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, осврнувајќи се на враќањето на некои единици на руската армија во нивните воени бази, рече дека 15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како неуспех на воената пропаганда на Западот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмена изјава на социјалните мрежи, Захарова истакна дека некои руски воени единици, кои ги завршиле своите задачи во рамките на воените вежби, почнале да се враќаат во своите бази.
Истакнувајќи дека враќањето на војниците во базите е одговор на пропагандата што ја спроведуваат западните земји, Захарова рече: „15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна воената пропаганда на Западот. Срамен и уништен без ниту еден испукан куршум.“