Elena Teslova
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
МОСКВА
Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Русија се искачи на 27.938, со тоа што во последните 24 часа се потврдени 3.448, објавија денес властите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период починаа 34 лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 232.
Се додава дека вкупно 2.304 лица се излекувале во земјата, вклучувајќи 318 од вчера.
Властите објавија дека дневно на Ковид-19 се тестирани околу 90.000 лица и дека над 1,6 милиони граѓани се тестирани досега, со повеќе од 130.000 лица кои во моментот се наоѓаат под медицински надзор.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е поголем од 137.000. Речиси 512.000 пациенти се излекувани.