Betül Yürük
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) – Русија во текот на гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) вложи вето на нацрт резолуцијата за продолжување на мисијата на ОН за истрага на користење на хемиско оружје во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, руската страна вложи вето на нацрт резолуцијата која ја предложија САД со цел да се продолжи истрагата за употреба на хемиско оружје во Сирија.
Инаку, ова е девети пат Русија да вложи вето во Советот за безбедност за да го заштити сирискиот режим. Извештајот на тимот на експерти на ОН за нападот со гасен сарин на 4. Април на северот на Сирија во четврток би требало да биде претставен во Советот за безбедност на ОН.
Боливија исто така не го поддржа нацртот на резолуцијата, додека “за”, беа 11 членки, а Кина и Казахстан беа воздржани.
Постојаниот претставник на Русија при ОН Васили Небензиа пред гласањето рече дека Москва бараше за ова прашање да се гласа на 7 декември но дека тоа барање не е прифатено.