Diyar Güldoğan
06 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Во сообраќајна несреќа меѓу воз и автобус животот го загубија 19 узбекистански државјани. Во автобусот се наоѓале 58 патници, кои патувале кон рускиот регион Владимир, источно од Москва, соопшти Министерството за надворешни работи на Узбекистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството наведува дека според податоците од амбасадаста на Узбекистан во Москва, несреќата се случила утрово, во 4 часот по локално време. Се истакнува дека според наводите на руската итна помош, во автобусот се наоѓале 56 државјани на Узбекистан и двајца Казахстанци.
Од министерството нагласуваат дека претставниците од узбекистанската амбасада излегле на местото на несреќата за да ја проценат ситуацијата и да им помогнат на повредените.