Vesna Besiç
20 Јули 2017•Ажурирај: 21 Јули 2017
МОСКВА (АА) -.За време на 13. Меѓународен авио-вселенски саем МАКС-2017, што пред неколку дена почна во главниот град на Русија, Москва, беше претставен и воздушниот одбранбен систем S-400, јавува Anadolu Agency (AA).
Градот Жуковски во близина на Москва од вторникот е домаќин на шестдневен меѓународен саем, каде што беше најавено учеството на околу 650 компании од 32 земји.
За време на саемот, посетителите можат да ја разгледаат богатата статичка изложба, но исто така и интересната и динамична програма за летање.
Исто така, ќе се одржи и музички фестивал посветен на 25-годишнината од MAКС и 70 години од научниот град Жуковски.