Zehra Ulucak
20 Јули 2017•Ажурирај: 22 Јули 2017
МАНИЛА (АА) - Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, изјави дека и покрај воените акции кои се водат во градот Марави, сѐ уште не се фатени лидерите на групата Мауте, поврзана со терористичката организација ДЕАШ, кои градот го држат под опсада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмото упатено до филипинскиот Конгрес, Дутерте истакнува дека во голема мера е воспоставена контрола во Марави и оти се убиени стотици милитанти.
Филипинскиот претседател додаде дека непослушноста трае и понатаму и оти постојат многу нешта што можат да се направат по тоа прашање.
Во соопштението на војската се наведува дека околу 90 милитанти побегнале од Марави.
Дутерте претходно беше изјавил дека во разговорот со припадниците на безбедносните сили е донесен заклучок оти терористите во градот нема да бидат отстранети до истекот на вонредната состојба, поради што побарал таа да биде продолжена до крајот на годината.