Dmitri Chirciu
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјавата на Командантот на воздушните сили на Соединетите Американски Држави (САД) за Европа, Африка и НАТО, Џефри Л. Хариган дека се подготвени веднаш да одговорат на евентуалната агресија на Русија во Европа ја оцени како „неодговорна закана“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Захарова на прес-конференција во главниот град Москва, посочувајќи дека САД се неодговорни за меѓународната безбедност и стабилноста рече: „Ние ова го оценуваме како неодговорна закана. САД ова го прават неодговорно за својата политичка конјунктура, можеби и за изборниот процес.“
„Рускиот регион Калининград е добро заштитен од агресивните планови што ги развиваат глупите американски генерали во Европа“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Командантот на воздушните сили на САД за Европа, Африка и НАТО, Џефри Л. Хариган претходно изјави дека се подготвени веднаш да одговорат на евентуалната агресија на Русија во Европа и да извршат напад врз системот за противвоздушна одбрана во регионот Калининград.