Cansu Dikme,Handan Kazancı
14 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
МОСКВА (АА) - Русија денес остро ги критикуваше здружените воздушни напади на САД, Велика Британија и Франција врз целите на силите на режимот на Башар ал Асад во Сирија како одговор на нападот со хемиско оружје во Дума, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Оние кои стојат зад тоа поставуваат морални барања на лидерство во светот и покажуваат исклучителност и обединетост. Всушност потребен е многу специфичен вид на единственост за нападот на главниот град на Сирија во време кога се случуваа промени кои водат кон мир“, порача Марија Захарова, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија преку социјалните медиуми.
Подоцна Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ниту еден проектил истрелан во заедничкиот напад не ги погодил руските воени бази во Сирија.
Како одговор на нападот со хемиско оружје врз Дума на 7. април, САД, Велика Британија и Франција рано утрово бомбардираа повеќе позиции на режимот на Асад во Дамаск и Хомс, а меѓу другото, се работи и за магацини со хемиско оружје.