Ali Cura
23 Март 2024•Ажурирај: 25 Март 2024
МОСКВА (АА) - По синоќешниот терористички напад на концертна сала во Москва, во кој според последните информации загинаа најмалку 137 лица, руските безбедносни сили уапсија 11 лица, меѓу кои и четворица терористи кои директно учествуваа во нападот, пренесува Анадолу.
Директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников му доставил извештај на рускиот претседател Владимир Путин за деталите за терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“, соопшти Кремљ.
„Бортников извести дека се приведени 11 лица, меѓу кои и четворицата терористи кои директно се вклучени во терористичкиот напад на ‘Крокус сити хол’“, се вели во соопштението.
Директорот Бортников го информирал Путин за активностите околу откривањето на соучесниците на напаѓачите во терористичкиот напад.
Инцидентот се случи во Красногорска, административен центар во Московската област, каде според првичните информации, во концертната сала „Крокус Сити Хол“ требало да настапи музичкиот состав „Пикник“.
Подоцна на настанала и експлозија која предизвикала голем пожар. Министерството за вонредни состојби информираше дека околу третина од зградата била зафатена од пожарот, а неколку хеликоптери работеле на негово гасење.
Терористичката организација ДЕАШ тврди дека нејзини членови го извршиле нападот во Москва.