Nuri Aydın
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
АНКАРА
Во една куќа во американската сојузна држава Алабама пронајдени се тела на 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека на полицијата ѝ е пријавена пукотница во местото Морган во Алабама. Полициските екипи на теренот во една куќа пронашле 7 тела.
Лицата се убиени со огнено оружје. Истрагата е во тек. Не се открива идентитетот на жртвите.