Bilgin S. Şaşmaz
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
ЧИКАГО (АА) - Во оружените напади што се случија во текот на викендот, во американскиот град Чикаго загина едно лице, а повредени се 37, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата соопшти дека голем број напади се извршени во населбите во јужниот дел на градот, а истрагите се во тек.
За време на претходниот викенд, во оружени судири загинаа седум лица, а 28 се повредени.
Во 2016 година, во Чикаго се убиени 762 лица, а 4.331 се ранети. Во градот, од почетокот на оваа година, убиени се 169 лица, а 752 се ранети.