Muhammet Nazım Taşcı
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
ПОРТЛАНД (АА) – Едно лице го загуби животот во судирите меѓу антирасистичките демонстранти и приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во градот Портланд, во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судирите се случија меѓу антирасистичките демонстранти, кои веќе три месеци протестираат во Портланд, и лицата кои беа во колоната од околу 600 возила за поддршка на Трамп.
На снимките објавени во медиумите се гледа дека приврзаниците на Трамп од возилата кон демонстрантите пукаат со пеинтбол оружје, а демонстрантите возвраќаат фрлајќи разни предмети врз нив.
За време на судирите, едно лице е убиено со огнено оружје. Се тврди дека починатиот носел капа со знак на екстремно десничарската група „Патриот прејер“.
Полицијата не се произнесе во врска со можните осомничени.
Во Портланд и понатаму траат демонстрациите што започнаа на 29 мај, по убиството на Џорџ Флојд на 25 мај.