Mustafa Keleş
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во американската сојузна држава Калифорнија загинаа 13, а беа повредени 31 лица, од кои пет се потешко, јавува Anadolu Agency (AA).
Во несреќата учествуваа автобус, кој превезувал туристи, и камион. Автобусот се движел кон Лос Анџелес, а во камионот удрил на патот во близина на Палм Спрингс.
Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.
Покрената е истрага во која учествува и американската национална Агенција за безбедност во сообраќајот.