Zeynep Tüfekçi
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
НИНЕВА (АА) - Пратеникот во Парламентот во Нинева, во Ирак, Интисар Ал Џубури, тврди дека припадниците на терористичката организација ДЕАШ во текот на операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул, убиле 200 цивили кои одбиле да се борат во нивните редови, јавува Anadolu Agency (AA).
Џубури истакна дека добил информација оти припадниците на споменатата терористичка организација цивилите ги усмртиле во последните неколку дена.
Според него, егзекуциите биле извршени ширум Мосул, а телата не се предадени на семејствата.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади на 17 октомври соопшти дека е започната операцијата за ослободување на Мосул. Ирачките сили вчера соопштија дека во рамките на операцијата ослободени се уште девет села кои припаѓаат на Кајара.
Изворите блиски на војската истакнуваат дека во акциите убиени се 299 милитанти, а унииштени се 20 возила на организацијата во која се наоѓал експлозивен материјал. Покрај тоа, онеспособени се и 45 бомби. Не се дадени податоци за загубите во редовите на ирачката војска.