Michael Gabriel Hernandez
14 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму планираат претседателот Џо Бајден да ги посети Израел и Саудиска Арабија, објави денес Белата куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Кога претседателот ќе биде подготвен тоа да го најави, тогаш ќе го објавиме, но сега продолжуваме да планираме патување во Израел и Саудиска Арабија. Тоа би било можност за претседателот да работи со лидерите од целиот Блиски Исток“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
Таа истакна дека за време на посетата на Саудиска Арабија, Бајден најмногу ќе се фокусира да го убеди кралството да произведува повеќе нафта во екот на рекордните цени.
„Саудиска Арабија е, како што знаете, претседавач со ОПЕК + и негов најголем извозник. Се разбира, разговараме за енергијата со саудиската влада, како и со производителите на нафта ширум светот и го поздравуваме нејзиното лидерство во постигнувањето консензус меѓу членките на групата минатата недела“, соопшти портпаролката на Белата куќа.