Vesna Besic
25 Септември 2022•Ажурирај: 26 Септември 2022
ЊУЈОРК (АА) - Стотици лампиони се пуштени во вода на Фестивалот на лампиони на желби што се одржа во американскиот град Њу Џерси, известува Агенција Анадолија (АА).
Поголемиот дел од учесниците испишуваат на своите лампиони пораки за надеж и љубов, што по неколку тешки години поради пандемијата на Ковид-19, би можеле да бидат поважни од кога било.

Организаторите наведуваат дека Фестивалот на лампиони на вода создава прекрасен и единствен начин да ги споделите своите надежи, соништа и тенденции.
Фестивалот на лампиони на вода започна во 2018 година со активности во 34 града на кои присуствуваа повеќе од 130.000 лица.
Сега се одржува во повеќе од 100 градови во САД. Прогласен е за најдобар културен фестивал во Северна Америка.
