Servet Günerigök
15 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
ВАШИНГТОН (AA) – Стејт Департмнетот ги повика властите на Египет да ги ослободат приведените вработени на Агенција Анадолија (АА).
„Запознаени сме со тие вести. Доколку се точни, ги повикуваме египетските власти да ги ослободат приведените новинари и да овозможат слободно новинарство", рече за Агенција Анадолија гласноговорник на Стејт Департментот.
Египетската полиција синоќа изврши упад во канцеларијата на АА во Каиро и приведе четворица вработени меѓу кои е и еден државјанин на Турција и ги однеле во непознат правец.
Полицијата при упадот ги исклучила камерите и ја прекинале интернет-врската. Полицајците вршеле претрес во канцеларијата до утринските часови, од вработените ги зеле пасошите, мобилните телефони и компјутерите и ги спречиле да контактираат.
Египетските институции до сега не образложија поради што новинарите се приведени и каде се однесени, без оглед на прашањата на адвокатот на АА и турската амбасада во Каиро.
Министерството за надворешни работи на Турција побара ослободување на вработените на АА и упадот во канцеларијата на АА го оцени како акт на насилство и показател на негативниот пристап на египетските власти кон демократијата и слободата на медиумите.
Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул порача дека вработените на АА нелегално се приведени и побара нивно итно ослободување.
Гласноговорникот на Обединетите нации (ОН) Стефан Дујарич во Њујрк рече дека ОН се загрижени за секој извештај за апсења и приведувања на новинари и порача дека ОН ќе го истражи синоќешниот потег на египетските безбедносни сили.
Од Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), како и од Меѓународниот медиумски институт (IPI) го осудија синоќешниот упад на египетската полиција во канцеларијата на АА во Каиро и повикаа на итно ослободување на приведените.