Nazlı Yüzbaşıoğlu
09 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
АНКАРА
Соединетите Американски Држави (САД) испратија дипломатско известување до Турција дека два воени брода преку Босфор ќе излезот на Црното Море, и дека бродовите во Црното Море ќе останат до 4 мај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дипломатски извори, во врска со веста дека САД ќе испратат два воени брода на Црното Море, истакнаа: „Петнаесет дена однапред преку дипломатски канали бевме известени дека два американски воени брода ќе излезат на Црното Море во согласност со Конвенцијата од Монтре.“
Истите извори наведоа дека бродовите ќе останат во Црното Море до 4 мај.