Ömer Tuğrul Çam
09 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
БРИСЕЛ
Гигантски дрвени скулптури поставени во шума во Белгија, на посетителите кои уживаат во природата и чистиот воздух им нудат единствено искуство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Седум гигантски дрвени статуи кои потсетуваат на ликови од бајките се поставени во паркот Де Шор, во близина на градот Бум. Станува збор за уметнички дела на Данецот Томас Дамбо.
Дамбо на својата интернет-страница се претставува како уметник кој користи рециклирани материјали. За изработката на статуите, дизајнирани за музичкиот фестивал 2019 година, користел фрлени полици, скршени гранки од дрво и стари палети, а сето тоа за да укаже на значењето на рециклажата и повторното користење на она што поединци го сметаат за отпад.
Статуите симболизираат ликови од народни предавања од тоа подрачје, а во нивната изработка на уметникот му помагаа околу 200 луѓе.
Висината на овие уметнички дела варира меѓу 7 и 18 метри, а изработката траеше 25 недели.
Статуите по фестивалот се изложени во шума, каде што можат да ги видат голем број посетители. Покрај тоа, тие станаа атракција која привлекува сѐ повеќе посетители во Бум. Делата на Дамбо красат многу делови на светот, вклучувајќи ги САД, Кина, Австралија, Бразил и Мексико.