Kasım İleri
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Федералното биро за истраги (ФБИ) соопшти дека во 2020 година во Соединетите Американски Држави (САД), 39.695.000 луѓе предале барање за купување оружје, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на ФБИ, во 2019 година барање за купување оружје поднеле 28 милиони луѓе, а во 2018 година, истото барање било поднесено до надлежните служби од 26 милиони луѓе.
Аналитичарите сметаат дека граѓаните на САД сè повеќе се определуваат за купување оружје поради сè подлабоките поделби во американското општество.
Растат и ризиците од избувнување социјални немири во земјата, а за тоа придонесува и пандемијата на Ковид-19 бидејќи САД се водечка земја во светот по бројот на заразени и смртни случаи предизвикани од коронавирусот.