Islam Doğru
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД), нивото на водите на езерото Mид, кое обезбедува вода за 40 милиони луѓе, паднато е на алармантно ниво поради сушата во последните години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Бирото за мелиорација (USBR) на САД, стапката на вода во езерото Мид, лоцирано на границата меѓу државите Невада и Аризона, се намалила на 27 отсто.
Агенција Анадолија (АА) ја сними најновата состојба на езерото чии води на одредени делови се повлечени и до 50 метри.
Научниците, наведувајќи дека нивото на водата во езерата во голем број делови на САД е намалено поради климатските промени, истакнаа дека очигледен пример за тоа е особено повлекувањето на водата во езерото Mид.
Меѓу другото, експертите истакнуваат дека нивото на водата во езерото Mид на браната Хувер континуирано опаѓа од 1999 година поради зголемувањето на температурите на воздухот, намалувањето на водата од топењето на снегот што ја храни реката Колорадо и прекумерната потрошувачка како резултат на растот на населението.
Бирото за мелиорација (USBR) на 17 август минатата година соопшти дека за првпат официјално прогласува „недостиг на вода“ во најголемиот воден резерват во земјата, езерото Mид, предвидувајќи дека нивото на водата дополнително ќе се намали оваа година.
Од друга страна, со повлекувањето на водите во езерото Mид поради сушата, од мај на дното на езерото откриени се остатоци од пет човечки тела.
Во американските медиуми се појавија информации дека телата се резултат на мафијашки пресметки во казино во градот Лас Вегас, кој се наоѓа на околу 50 километри на запад.