Riyaz Khaliq Khaliq
06 Јуни 2024•Ажурирај: 10 Јуни 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) одобрија продажба на оружје на Тајван во вредност од 300 милиони долари, што е 14-ти договор за испорака на вооружување на Тајпеј откако Џо Бајден стана претседател во 2021 година, јавува Анадолу.
Договорена е продажба која вклучува делови за ловци Ф-16 од американско производство во вредност од 220 милиони долари.
Американската агенција за одбранбена безбедносна соработка соопшти дека Тајван ќе обезбеди способност да одговори на сегашните и идните предизвици. Се додава дека продажбата на опрема и поддршката нема да го загрозат воениот баланс во регионот.
Со договорот е предвидена техничка и логистичка поддршка и други елементи на логистичка и програмска поддршка.
„Продажбата им служи на американските национални, економски и безбедносни интереси и ги поддржува континуираните напори на Тајван за модернизација на своите вооружени сили и одржување на веродостојни одбранбени способности“, соопшти агенцијата.
Договорот за продажба вклучува и нестандардни резервни и заменски делови за ловците Ф-16 во вредност од 80 милиони долари.