Ekipa
23 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
ЧИКАГО (АА) - По нападите од 11 септември 2001 година во Соединетите Американски Држави (САД) самоубиство извршиле над 30.000 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според студијата на Томас Хауард Суит од Универзитетот „Браун“ во Род Ајленд, проценувајќи ги податоците што ги добил од Управата за ветерани, бројот на војници загинати во војните значително се намалил од 2007 година.
Меѓутоа, последните години е зголемен бројот на војници што извршиле самоубиство.
Истражувањето покажало дека по нападите на 11 септември, кои го отворија патот за инвазијата во Ирак и Авганистан, кога САД почнаа да следат поагресивна надворешна политика, 30.177 војници извршиле самоубиство за време или по мисиите.
Истражувањето покажало и дека во истиот период, поради воени дејствија, загинале 7.057 американски војници.
Меѓу причините што се наведуваат за самоубиствата се интензивната воена обука, стресот, траумата, постојаниот пристап до оружје и неможноста за приспособување на цивилниот живот.