Emel Öz Gözellik
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот шеф на мексиканските нарко картели, Алфредо Белтран Лејва, со прекар „Moчомо“, во САД е осуден на доживотен затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Федералниот суд во Вашингтон го осуди 46-годишниот поранешен помошник на наркобосот Хоакин Гузман, со прекар „Ел Чапо“ за трговија со дрога.
Покрај казната доживотен затвор, на Лејва му беше изречена и парична казна од 529 милиони долари.
„Жал ми е за постапките што ме доведоа до овде“, рече Лејва на судењето.
Обвинителството тврди дека Лејва водел кампања за ширење насилство и страв во Северна Америка.
Се очекува на Гузман да му се суди за убиство во САД, шверц, перење пари и за заговор.