Canberk Yüksel
08 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку четири полицајци во Далас се убиени со снајперски истрели откако 11 од нив беа мета на нападот за време на протестите поради убиство на двајца Афроамериканци во полициски интервенции во Минесота, соопштија властите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пет или шест рафали се забележани на видео снима синоќа, а полицискиот шеф Дејвид Браун изјави дека се работи веројатно за двајца снајперисти.
„ Изгледа дека двајцата снајперисти ги погодиле десетте полицајци. Пукотниците одекнаа од позициите на некој од околните згради. Тројца полицајци загинаа, двајца се оперирани, а тројца се наоѓаат во тешка состојба ”, изјави Браун.
Малку поодцна на службениот твитер профил на полицискиот оддел објавено е дека уште еден полицаец погледнал во болница, со што бројот на жртвите се зголемил на четири.
Браун додаде дека во тек е интензивната потрага по осомничениот или повеќето од нив. Полицијата на социјалните мрежи сподели фотографија со машко лице во маскирна маица, кој е означен за еден од осомничените, па ја замоли јавноста за помош во неговата идентификација.
Машко лице кое се претстави како помлад брат на лицето од фотографиите, за локалната телевизија изјави дека неговиот брат доброволно ја предал пушката на полицијата по снајперските истрели со цел да избегне конфузија и себе да се исклучи од учеството во пукотниците.
Полицијата во своето второ соопштение објави дека осомничениот се предал.
За време на кратката прес конференциј на која беше и Мајк Раулингс, градоначалникот на Далас, Браун изјави дека осомничениот се заканил дека ќе постави бомба во градот. Нејасно е како властите ги поврзале снајперските напади со заканата со бомба.
Полицијата објави дека заедно со вториот осомничен е пронајден и сомнителен пакет во близина на локацијата каде што избиле пукотниците. Се додава дека осомничениот е во притвор а дека со пакетот се занимава тим за бомби.
Железничкиот и автобускиот сообраќај во градот се стопирани, а полицијата ги исчисти улиците и ги отстрани претставниците на медиумите далеку од местото на настанот.
Далас беше еден од бронјите американски градови во кои вчера инаку беа одржани мирни протести „Black Lives Matter ” . До протестот дојде по смртта на тројца црнци кои беа убиени од страна на полициски службеници во три дена. Последниот случај се случил во среда во Минесота.